Natural & Delicious

КОНЦЕПТ НА ИСХРАНА ЗА МЕСОЈАДИ: Научно развиен во согласност со природата

Години научни истражувања во соработка со Катедрата за исхрана на животни при Универзитетот во Наполи „Federico II“ го насочија Farmina Vet Research тимот кон создавање систем на исхрана дизајниран според природните потреби на нашите четириножни членови на семејството: Natural & Delicious, систем на исхрана за месојади.

  • Главната карактеристика на производите Natural & Delicious е нискиот гликемиски индекс, благодарение на целосното отсуство на житарки во линиите Grain Free, Pumpkin и Quinoa, како и присуството на древни житарки (овес и спелта) во линијата Ancestral Grain. Сите линии се произведени без пченка и овозможуваат постепено ослободување на енергија во текот на денот;
  • Само со природни антиоксиданси, екстракти богати со токоферол, кои овозможуваат природно зачувување на свежината на производот;
  • Пакувано во контролирана средина. При пакувањето, со цел природно зачувување на свежината, кислородот во пакувањето се заменува со азот;
  • Богати со витамини кои, благодарение на технологијата на ладна инфузија, имаат подолга ефикасност.

     

N&D Quinoa
N&D Quinoa е линија функционална храна развиена со цел да придонесе кон зачувување на здравјето на мачките и кучињата со специфични нутритивни потреби. Храна без житарки, со повеќе од 92% протеини од животинско потекло од нови извори и со киноа, растение со висока нутритивна вредност.
Киноата совршено се вклопува во филозофијата на Farmina и во концептот на исхрана за месојади, бидејќи содржи околу 13% протеини со висока биолошка вредност, богати со добро избалансирани есенцијални аминокиселини, што е многу ретка карактеристика кај растенијата.

N&D GRAIN FREE
N&D Grain Free е систем на исхрана за месојади без житарки, научно развиен во согласност со природата на мачките и кучињата.
Ова е првата Natural & Delicious линија што ја развивме, која содржи врвни состојки и 98% протеини од животинско потекло.
Само со природни антиоксиданси, без житарки и без ГМО, и со долготрајни состојки неопходни за здрав живот (вклучувајќи скапоцени витамини), додадени со користење на технологијата на ладна инфузија.

N&D PUMPKIN
N&D Pumpkin е линија без житарки која содржи 96% протеини од животинско потекло и тиква, зеленчук типичен за италијанската кујна, со исклучителни хранливи својства: богата е со бета-каротен, го поддржува имунолошкиот систем и го спречува ослободувањето на слободни радикали.
Содржи само природни антиоксиданси, екстракти богати со токоферол, за природно зачувување на производот.
Изберете од широката понуда храна која ги задоволува нутритивните потреби на кученца и возрасни кучиња и мачки.

N&D OCEAN
Нова линија од Farmina со протеини од животинско потекло, исклучиво од морето.
Farmina го следи природниот систем на исхрана на месојадите, односно употребата на најоптимални состојки со највисок квалитет, за формулирање храна без житарки или храна што содржи ограничена количина древни житарки.
Грижејќи се за здравјето на нашите четириножни пријатели, преку континуирана потрага по најдобрите состојки и користење на научни истражувања, Farmina се насочи кон морето и кон состојките од морето, природно богати со Омега-3 масни киселини, антиоксиданси и други корисни својства.

N&D Ancestral Grain
N&D Ancestral Grain е линија на храна која содржи низок удел на древни житарки (спелта и овес) и е научно развиена во согласност со природата на мачките и кучињата.
Содржи само природни антиоксиданси, екстракти богати со токоферол, кои овозможуваат природно зачувување на свежината на производот.
N&D Ancestral Grain изобилува со долготрајни состојки неопходни за здрав живот (вклучувајќи скапоцени витамини), кои се додадени со користење на технологијата на ладна инфузија.
Ви се нуди богат избор што ќе ги задоволи различните вкусови и нутритивни потреби на мачките и кучињата. Изберете го вистинскиот производ за Вашиот четириножен пријател.