N&D QUINOA, нова функционална линија без житарки, за поддршка на здравјето.
N&D Quinoa е нова линија функционална храна што ја разви Farmina со цел да обезбеди поддршка на здравјето на кучињата и мачките со посебни нутритивни потреби. Не содржи житарки и има над 90% животински протеини од иновативни извори. Содржи киноа, скапоцена состојка со висока хранлива вредност.
зошто киноа?
Киноата има извонредно висока содржина на корисни состојки, кои даваат поддршка на виталноста на организмот. Оваа нутритивна поддршка е значајна поради неколку причини:
✔ Го подобрува варењето, апсорпцијата на хранливите материи и здравјето на цревата;
✔ Богата е со скапоцени есенцијални аминокиселини и природни антиоксиданси;
✔ Има низок гликемиски индекс;
✔ Не содржи глутен;
✔ Значително е побогата со хранливи материи од житарките;
✔ Од органско потекло, одгледувана во Италија;
ПРИРОДНА отпорност
Киноа е растение со природна отпорност и не и е потребен третман со заштитни средства при одгледување, што резултира со целосно природно и здраво растение.
ВИСОКА СОДРЖИНА НА ПРОТЕИНИ
Киноа е храна што совршено се вклопува во Farmina филозофијата на системот за исхрана за месојади, бидејќи содржи околу 13% протеини со висока биолошка вредност кои се богати со добро избалансирани есенцијални аминокиселини, нешто што ретко се јавува кај растенијата.
| БИОЛОШКА ВРЕДНОСТ НА ПРИМАРНИТЕ ИЗВОРИ НА ПРОТЕИНИ | ||
| Протеини % | Биолошка вредност | |
| Јајца | 12,5 | 100 |
| Месо | 22 | 80 |
| Риба | 19 | 78 |
| КИНОА | 13,1 | 75 |
Natural & Delicious Quinoa, нова функционална храна со извонредни технолошки карактеристики:
Долготрајни, висококвалитетни витамини: благодарение на вакумската облога, технологија што овозможува додавање на вредни хранливи материи вклучувајќи и витамини, по процесот на екструзија и дехидрација, витамините се заштитени од термички и механички стрес, што ја продолжува нивната ефикасност;
Пакувано во контролирана средина: користењето на азот, кој го заменува кислородот, спречува оксидација на мастите. Оваа технологија, што се користи и во пакувањето на човечката храна, овозможува зачувување на хранливите материи на долг рок, со целосна изолација на гранулите од надворешните влијанија.
N&D QUINOA URINARY
Специјална формула за опоравување и зајакнување на уринарниот тракт, како и за превенција од создавање струвитни и оксалатни камења.
НАЈВАЖНИ ОСОБИНИ:
N&D QUINOA DIGESTION
Високосварлива формула за нега на цревниот тракт.
НАЈВАЖНИ ОСОБИНИ:
N&D QUINOA SKIN&COAT
Специјална формула за кучиња и мачки со чувствителност на одредени состојки во храната, наменета за обновување на кожата и крзното и одржување на нивното здравје.
НАЈВАЖНИ ОСОБИНИ:
N&D QUINOA WEIGHT MANAGEMENT
Помага при намалување на прекумерната тежина и одржување на оптимална телесна тежина.
НАЈВАЖНИ ОСОБИНИ:

