N&D Ocean

СКАПОЦЕНИ СОСТОЈКИ ОД МОРЕТО ДОСТАПНИ ВО ОМИЛЕНАТА ХРАНА НА ВАШЕТО ДОМАШНО МИЛЕНИЧЕ.
Farmina ја следи природната исхрана на месојадите, односно користењето на најоптималните состојки, од највисок квалитет, за формулирање храна без житарки или храна која содржи ограничена количина на древни житарки. Грижејќи се за здравјето на нашите четириножни пријатели, преку континуирано барање на најдобрите состојки, користејќи научни истражувања, Farmina дојде до морето и состојките од морето, природно богати со Омега-3 масни киселини, антиоксиданти и други корисни својства. N&D Ocean, со повеќе од 90% висококвалитетни протеини од животинско потекло.

 

ИЗБЕРЕТЕ КОМПЛЕТНА ХРАНА.
На поголемиот дел конзервирана храна за домашни миленици достапна на пазарот им недостасува скапоцени хранливи материи кои се неопходни за да се задоволат сите нутритивни потреби на мачките и кучињата.
Овие производи обично се само дополнување на исхраната и бараат дополнителна храна за да го комплетираат оброкот, бидејќи во спротивно би можеле да доведат до недостатоци или потенцијално штетен дисбаланс во организмот.
N&D Ocean храната, и сува и влажна, е комплетна храна што ги содржи СИТЕ потребни хранливи материи неопходни за секојдневната благосостојба на нашите четириножни членови на семејството и целосно ги задоволува сите нивни специфични потреби. Целата линија на Natural & Delicious влажна храна според својот состав е комплетна храна и може да се користи како единствена храна во исхраната на мачките и кучињата, или во комбинација со N&D сува храна.
 

ОПЦИЈА ЗА СИТЕ МАЧКИ И КУЧИЊА
N&D Ocean сува храна е достапна во две големини на гранули: Mini и Medium&Maxi за најдобро да одговараат на големината на Вашето куче. N&D Ocean влажната храна е достапна во конзерва од 140g за кучиња и како конзерва од 80g за мачки. Сите Farmina конзерви што се користат можат целосно да се рециклираат и не содржат BPA, а хартијата за нашите етикети е направена со суровини од одржливи извори.
 


FARMINA МЕНИ СО МОРСКА ХРАНА
Широкиот асортиман на N&D OCEAN е формулиран со употреба на неколку видови риби, како што се:

  • Бакалар од Тихиот Океан
  • Шкампи од Северно море
  • Езерска пастрмка и европска лигња
  • Лосос од Атлантскиот Океан
  • Норвешка харинга
  • Лаврак од Средоземното Море