N&D Pumpkin

НОВА ЛИНИЈА БЕЗ ЖИТАРКИ: “N&D PUMPKIN”.
Месојадната природа на нашите четириножни членови на семејството отсекогаш нè водеше кон развој на храна научно дизајнирана, според нивната природа.
Кучињата и мачките, по
својата природа, се речиси исклучиво месојади и немаат голема потреба за житарки. Следејќи ја оваа филозофија, ја развивме новата линија Natural&Delicious Pumpkin, во која се нуди богат избор на храна без житарки, со висок процент на протеини од животинско потекло (96%) и тиква, зеленчук со одлични хранливи својства.
 

ЗОШТО ТИКВА?

Тиквата е зеленчук, типичен за италијанската кујна, со исклучителни хранливи карактеристики:

  • Богата е со бета-каротен (витамин А) и други природни антиоксиданси;
  • Го поддржува имунолошкиот систем;
  • Помага во спротивставување на слободните радикали;
  • Придонесува за заштина на кардиоваскуларниот систем;
  • Ја регулира работата на цревата.

Формулата Natural & Delicious Pumpkin е линија без житарки осмислена во Италија и има уникатни технолошки карактеристики:

Содржи висококвалитетни витамини: благодарение на системот за вакуумско додавање состојки, уникатната технологија овозможува додавање на витамини по готвењето, што овозможува подолга ефикасност на витамите.


Пакување во контролирана средина: воведовме употреба на азот (гас кој природно се наоѓа во воздухот) во процесот на пакување за да го отстраниме кислородот кој е одговорен за процесот на оксидација. Оваа технологија е широко применлива во индустријата за храна за луѓе, бидејќи овозможува зачувување на сите хранливи состојки и свежината на храната, како да е подготвена сега.