NATURAL & DELICIOUS ВЛАЖНАТА ХРАНА ЈА СЛЕДИ FARMINA ФИЛОЗОФИЈАТА И КОНЦЕПТОТ НА ИСХРАНА ЗА МЕСОЈАДЦИ, КАКО ЦЕЛОСНА И ПРЕПОРАЧЛИВО ИЗБАЛАНСИРАНА ХРАНА ЗАСНОВАНА ВРЗ БИОЛОШКИТЕ ПОТРЕБИ НА МАЧКИТЕ И КУЧИЊАТА.
Секој рецепт комбинира внимателно одбрани, висококвалитетни состојки од регионот, како што се цели парчиња месо, парчиња риба, јајца, сладок компир и парчиња овошје, кои можете да ги видите со сопствени очи со едноставно отворање на конзервата.
Внимателната селекција на најдобрите состојки од страна на Farmina и нивната заштитена технологија овозможуваат подготовка на линиите N&D Prime, N&D Pumpkin и N&D Ocean без употреба на индустриски гуми, карагенан или стабилизатори. Храната се готви само еднаш, со цел подобро да се зачуваат нутритивните и органолептичките својства на состојките. Резултатот е комплетна храна, подготвена за консумирање.

КОМПЛЕТНА ХРАНА СО ПРИРОДНИ СОСТОЈКИ
Искуството на Farmina истражувачкиот тим на ветеринари, стекнато преку проучување на нутритивните потреби на мачките и кучињата, преку истражувања без суровост кон животните, доведе до создавање нов концепт на влажна храна која е нутритивно комплетна.
Сите диети се формулирани без генетски модифицирани организми, вештачки бои и синтетички конзерванси.
ВИСОКА СОДРЖИНА НА КВАЛИТЕТНИ СОСТОЈКИ:
Италијанско пилешко од слободен одглед. Месо од италијански диви свињи. Јагнешко одгледувано на пасишта во Нов Зеланд. Висококвалитетно месо од препелица. Месо од елен, со висок квалитет. Месо од патка со највисок квалитет. Италијански јајца. Риба уловена во согласност со принципите на одржлив риболов. Органска италијанска киноа. Тиква – природен антиоксиданс, богата со високо растворливи влакна. Овошје од локални овоштарници, богат природен извор на витамини и антиоксиданси.
За разлика од другите производи, N&D влажната храна се готви нежно и само еднаш, со цел да се зачуваат сите органолептички и нутритивни својства на состојките.
Farmina ја почитува и штити животната средина користејќи исклучиво конзерви што може да се рециклираат.
За заштита на благосостојбата на Вашиот домашен миленик и во согласност со принципите на природните производи N&D, нашите конзерви не содржат BPA.

ИЗБОР НА КОМПЛЕТНА ХРАНА?
Повеќето конзервирана храна за домашни миленици што се достапни на пазарот денес, немаат скапоцени хранливи материи кои се неопходни за да ги задоволат сите нутритивни потреби на мачките и кучињата. Овие производи обично се дополнуваат и бараат интеграција или хранење во комбинација со комплетна храна, бидејќи можат да доведат до нутритивни недостатоци што можат да бидат штетни за здравјето на домашното милениче.
За разлика од ваквите производи, Farmina создаде комплетна храна што ги содржи СИТЕ неопходни хранливи материи и како таква ги задоволува сите дневни нутритивни потреби на нашите четириножни членови на семејството.
N&D влажната храна е комплетен оброк и може да се користи самостојно во исхраната на кучиња и мачки.
Висококвалитетните состојки што се користат во влажната храна се идентични и подеднакво хранливи како и состојките во Natural & Delicious гранулите.
| ЕДИНСТВЕНАТА ПРИРОДНА КОМПЛЕТНА ВЛАЖНА ХРАНА СЕГА Е СЕРВИРАНА. |
| Откријте ги сите рецепти во менито Natural & Delicious... ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ |