Зошто Farmina?

Мисијата на Farminа е со спојување на природата и науката да развие најдобар природно и научно потврден систем на исхрана. Користиме само внимателно избрани состојки, правилно измешани и готвени со здрави методи, следејќи ги строгите насоки дадени од експерти за исхрана на кучиња и мачки, кои се занимаваат со проучување на нутритивните потреби на месојадите.
Екстремната грижа и внимание посветено на разбирањето и развојот на нашата храна е типично за нашето семејство и оттаму доаѓа нашата филозофија за исхрана.
Кучињата и мачките се нашите четириножни членови на семејството и уживаат во емоции што можат да се најдат само дома.
Исхраната е основа на нивната благосостојба, што е предуслов за нивната секојдневна среќа и радост. Од оваа причина, нашата основа и мото еHappy Pet Happy You


 

ПРИРОДАТА Е НАША ИНСПИРАЦИЈА
Природата е најголемиот извор на здравје и затоа ги зачувуваме природните карактеристики на храната користејќи методи што ни ги овезбедила природата и преку користење на:
 

САМО ПРИРОДНИ КОНЗЕРВАНСИ
Екстрактите богати со токоферол овозможуваат природно зачувување на свежината на производите.


 
> Дознај повеќе за важноста на природниот начин на зачувување свежината...

ЧУВАНО ВО КОНТРОЛИРАНА ОКОЛИНА
При пакувањето на производите внесуваме азот (N2), кој го заменува кислородот и овозможува природно зачувување на производот при пакување во модифицирана атмосфера. Овој концепт и техника се применува и во човечката исхрана, бидејќи азотот е инертен гас кој е широко распространет во природата, односно во воздухот кој го дишеме секојдневно.
 
> Дознај повеќе за важноста на природниот начин на зачувување свежината...

НАУКАТА Е НАШИОТ МЕТОД

Науката ги води нашите дела, затоа во нашите истражувања соработуваме со Катедрата за исхрана на животните на Универзитетот во Наполи „Federico II”. Клиничките истражувања врз кои го базираме нашиот рецепт, како и соработката со независни научни институции при спроведување на испитувања, гарантираат научна релевантност и сведочат за вистинска ефикасност на нашите производи. Овие долгорочни соработки, овозможија развој на различни линии испитувања, потврдени од научни студии објавени во меѓународни списанија со висок библиометриски индекс. Соработката помеѓу Farmina и Универзитетот се покажа во одделот на Farmina Vet Research (FVR) чии цели се истражување и рецептура на нов концепт на исхрана заснован на најнови научни истражувања.
Овие истражувања ја истакнаа, на пример, превенцијата на дебелината и дијабетесот преку исхрана со низок гликемиски индекс. 

 

FARMINA: ПРИРОДА И НАУКА ВО СОВРШЕНА ХАРМОНИЈА
Совршениот спој помеѓу природата и науката доведе до првите, револуционерни линии на исхрана со природни ветеринарни диети, Farmina Vet Life и до развој на научно потврден систем за исхрана за месојади: Natural & Delicious Grain Free (без житарки) и Low Grain (само со древни житарки – овес и спелта).