Компанија

Анџело, Франческо и Никола Русо
Анџело, Франческо и Никола Русо

Ние сме Италијанци. Со оглед на нашето потекло, сè што правиме го правиме од љубов кон нашето семејство. Во нашата култура храната има исклучително значење – таа нè обединува и нè одржува здрави. Она што нè опишува и што е дел од нашата ДНК се љубовта, грижата за семејството и фокусот на познавањето на храната.
Домашните миленици се срцето на нашето семејство и сакаме кога тие се среќни. Затоа среќните миленици нè мотивираат да ја развиваме најдобрата можна храна за нив, бидејќи веруваме дека токму исхраната е клучот за подобрување и зајакнување на квалитетот на животот на милениците и нивните семејства.
Во нашата секојдневна работа ја користиме науката за да ги подобриме животите на нашите миленици. Инспирирани од нивната природна средина, ги проучуваме нивните навики и однесување со цел да ги почитуваме нивните инстинкти и нутритивни потреби. Обезбедувајќи им најквалитетна исхрана, инспирирана од природата и науката, ги поддржуваме нашите миленици од самиот почеток на животот со нивните семејства, па сè до староста. За нас, природата е најважниот извор на состојки за храната што ја произведуваме.
Науката е присутна во нашата секојдневна рутина преку научни студии, соработки, дискусии и идеи што резултираат со иновативни нутритивни решенија.
Природата е наша инспирација, науката е наш метод. Farmina: Природа и наука во совршена хармонија.


 

50 ГОДИНи долга историја на ИТАЛИЈАНСКи ИНОВАЦИИ
Семејните вредности ја проткајуваат нашата работа и нашата историја која што започнува во Италија, пред повеќе од 50 години, благодарение на еден човек и неговата страст кон исхраната на животните. Беше 1965 година кога Франческо Русо ја основа компанијата Russo Mangimi, специјализирана за исхрана на животните. Во таа компанија, г-дин Русо на своите деца им го пренесе своето знаење и значењето за благосостојбата на животните. Во меѓувреме, како што семејството растеше, со тоа се развиваше и компанијата сè додека во 1999 година, д-р Анџело Русо, син на сопственикот Франческо, воден од страста кон животните не одлучи да работи во категоријата храна за домашни миленици со нова перспектива, поставувајќи си амбициозна цел да развие храна што е резултат на научни студии фокусирани на миленикот и неговата благосостојба.
Д-р Русо започна амбициозно патување што го натера да започне соработка со Farmina, англиска компанија специјализирана за истражување и формулирање храна за кучиња и мачки. Компанијата благодарение на својот широк спектар на знаења за многу кратко време создаде позитивен оддек меѓу сопствениците на домашни миленици, што ѝ овозможи дополнителни инвестиции во технолошки истражувања и понатамошен развој, како и склучување партнерства со водечки независни истражувачки институти на Ветеринарниот универзитет во Наполи, „Federiko II”. Исто така, Д-р Русо го основаше Farmina Vet Research, тим од ветеринари и нутриционисти  што овозможи постојано и систематско проучување на најдобрата природна храна за домашни миленици, благодарение на повратните информации што дојдоа од бројни ветеринари со кои Farmina соработуваше подолг временски период.


Напорите на Farmina вложени во истражување овозможија научни публикации во влијателни списанија како што е British Journal of Nutrition from Cambridge University.
Растот на побарувачка за Farmina производите овозможи компанијата да инвестира во технологија и до отворање нови производствени погони поблиску до оние пазари што ги бараат уникатните карактеристики на квалитетот на Farmina.

Денес сме големо семејство со италијанско срце и она што нè обединува е големиот сон што живее во срцето на секој што го сака своето милениче: да ги направиме среќни затоа што од нивната среќа произлегува нашата. Happy pet, Happy You.