Зад нашиот природен избор

значење на природната конзервација
Целата линија Farmina Vet Life и Natural & Delicious е конзервирана исклучиво со користење природни антиоксиданси (екстракти богати со токоферол) кои го зачувуваат квалитетот на нашата храна на целосно природен начин.

Конзервансите, а особено антиоксидансите, се состојки кои имаат способност да го одложат, спречат, намалат или елиминираат процесот на оксидација кој штети на храната. Уште од минатото, главно во потоплите подрачја, луѓето користеле состојки кои имале способност за зачувување на храната, а особено зачините кои биле едни од ретките што ефикасно ја зачувувале храната и спречувале распаѓање.

Некои состојки во храната многу лесно можат да оксидираат: масти, генерално, имаат голема тенденција да губат електрони и да се самооксидираат, што доведува до промена на бојата, вкусот, текстурата, квалитетот и безбедноста на храната. На пример, оксидацијата може да ги промени есенцијалните масни киселини (EFA) или витамините растворливи во масти, што резултира со големи промени во квалитетот на храната, додека формирањето на нестабилни испарливи соединенија и хидрокси киселини може да влијае на аромата и вкусот.

Прехранбените антиоксиданси ја зачувуваат храната и имаат позитивен ефект врз животните што ги јадат: на ниво на организмот, антиоксидансите можат да ги намалат штетите предизвикани од слободните радикали и генерално, од слободните радикали на кислород (ROS), а покрај тоа, тие го неутрализираат стареењето на клетките, го намалуваат ризикот од појава на хронични и дегенеративни болести, честопати поврзани со оксидативен стрес.



Нашата цел да го сочуваме природното во храната е постигната  преку замена на класичните вештачки антиоксиданси исклучиво со природни антиоксиданси. Вештачките конзерванси како BHA и BHT би можеле да имаат негативни ефекти врз здравјето на нашите миленици, иако некои од нив може да се појават само после долг временски период или како резултат на акумулација.



Синтетичките антиоксиданси се развиени почнувајќи од 1940 година со цел да се стабилизираат маслата, спречувајќи расипување. Генерално, тие имаат многу подобро антиоксидативно дејство и поголема биорасположивост од природните антиоксиданси.


TBHK, BHA, BHT се вештачки антиоксиданси кои главно се користат во храната и нивниот ефект врз здравјето е сè уште контроверзен. Многу студии покажаа постоење на корелација помеѓу внесувањето на такви соединенија, како и некои промени на органите на животните кои ги внесувале, особено во високи дози.



Во литературата се забележани несакани ефекти како што се: хромозомски неправилности, влијание на синтезата на простагландин и имунолошкиот одговор, нарушување на апетитот;  намалена контрактилност на мазниот и срцевиот мускул и влијание врз липидниот метаболизам; нарушување на метаболизмот на липидите; поттикнување на појава на карциноми на желудникот, мочниот меур, тироидната жлезда и белите дробови; цитотоксичен ефект на желудникот и на црниот дроб, тироидната жлезда, надбубрежните жлезди и белите дробови.

Тоа се причините зошто решивме да додадеме во нашите формули исклучиво природни антиоксиданси, кои се наоѓаат во природните извори и кои содржат каротеноиди, ретиноиди (витамин А), биофлавоноиди (цитрин), полифеноли (хидрокситирозол), токоферол (витамин Е) и аскорбинска киселина (витамин Ц), кои  се додадени и за време на складирањето на суровините и во готовиот производ. Многу зеленчуци се природно богати со антиоксиданси, како што се житарки (овес), цвекло и компир, овошје како калинка и портокал, но најмногу зрнесто овошје (боровинки, капини) и зелен чај.


Природните антиоксиданси може да се додадат во храната во поголеми количини од вештачките, бидејќи се побезбедни. Иако ова подразбира повисоки трошоци за производство за компанијата што ги користи, сепак се оправдани со повисоко ниво здравје.


Конечно, како дополнителна гаранција за совршено и идеално зачувување, сите производи од Farmina Vet Life и Natural & Delicious асортиманот се спакувани во заштитна атмосфера со цел да се спречи дополнителна оксидација на мастите и да се одржи вкусот и свежината, одржувајќи го производот свеж како штотуку да е произведен. Оваа технологија е во голема мера користена и во прехранбената индустрија за луѓе, бидејќи азотот е природно присутен гас што ние го дишеме секојдневно.
 

зошто произведуваме без гмо?

Генетски модифициран организам (ГМО) е жив организам со генетски модифицирани техники на генетско инжинерство, кои дозволуваат додавање, бришење или модификација на елементи од гените. Пристапот на ЕУ за ГМО се базира на принципот на претпазливост, според кој секој производ што содржи трансгенски култури може да има потенцијално опасни ефекти и бидејќи во овој момент нема начин да се потврдат таквите ризици со доволна сигурност, сите овие производи поминуваат преку посебни прописи и ограничувања, со што се штити здравјето на луѓето, животните и растенијата, како и животната средина.
Иако Европската Унија дозволува употреба на ГМО, иако го регулира строго, Farmina го почитува овој принцип на претпазливост така што од секоја формулација ги исклучува сите потенцијално ГМО состојки. За таа цел, во нашите храни Natural & Delicious и Farmina Vet Life користиме само суровини без ГМО, не користиме пченка и фаворизираме користење на древни житарки типични за италијанската традиција како што се овес, јачмен и луковици како што е компир.


Одлучивме да избегнуваме ГМО затоа што сакаме да го зачуваме здравјето на нашите миленици: се претпоставува дека ГМО храната може потенцијално да воведе нови токсини или алергени во претходно безбедна и здрава храна, да пренесе отпорност на антибиотици, да ја намали нутритивната вредност на храната особено на подолг рок. Некои студии покажаа дека животните кои биле хранети со генетски модифицирани посеви можат да имаат структурни промени во илеумот, пролиферација на клетки во ѕидовите на желудникот и цревата, абнормални генски експресии, структурни и функционални промени во хепатоцитите, намалена синтеза на зимогени и зголемени нивоа на лактат дегидрогеназа во бубрезите и срцето. Кај истите субјекти исто така е забележано зголемување на триглицеридите, хипертрофија на црниот дроб, промени во параметрите на бубрезите и општа хепаторенална токсичност, која понекогаш е поврзана со нарушувања на срцето, надбубрежните жлезди или слезината.

Масовната употреба на ГМО доведува до промени само кај животните кои се хранат со нив, но и во животната средина (намалување на биодиверзитетот, пренос на отпорност на растенијата на пестициди, што влијае на еволуцијата на сè поотпорни паразити) на ризикот од промена на деликатната рамнотежа на основата на нашиот екосистем.
Поради сите овие причини, еден од темелите на нашето производство е почитувањето на природата како екосистем во кој живееме, како и физиологијата на природата на нашиот четириножен член на семејството, на кого сакаме да му го понудиме само најдоброто со цел да ја обезбедиме неговата благосостојба, здравје и среќа.




Farmina, Happy Pet. Happy You.