ЗОШТО МАЧКИТЕ И КУЧИЊАТА СЕ СМЕТААТ ЗА МЕСОЈАДИ?
Еволуцијата на кучињата и мачките била слична со другите предатори и поради оваа причина нивната анатомија е дизајнирана за исхрана богата со месо. Исто како и нивните предци, мачките и кучињата останале месојади и покрај фактот дека нивниот дигестивен систем е прилагоден на околностите во кои живеат. Овој концепт е јасно потврден од физиолошка и анатомска гледна точка во следните факти:
1. ОТСУСТВО НА САЛИВАРНА АМИЛАЗА
Овој недостаток го оптоварува панкреасот, кој е одговорен за целосната дигестија на јаглехидратите.
2. КРАТОК И ЕДНОСТАВЕН ДИГЕСТИВЕН ТРАКТ
Благодарение на високата киселост на pH вредноста во желудникот, мастите и протеините лесно и брзо се варат во краткиот дигестивен тракт.
3. УСКЛАДЕНОСТ НА ЗАБИТЕ И ВИЛИЦАТА
Големо отворање на устата што овозможува голтање на големи парчиња. Кратки и остри заби, совршени за кинење месо.
4. ГЛУКОНЕОГЕНЕЗА
Наместо јаглехидрати, мачките ги користат протеините и мастите како примарен извор на енергија.
5. ИНСУЛИНСКИ ОДГОВОР
Храната богата со јаглехидрати предизвикува поголем инсулински одговор и доведува до складирање на вишокот глукоза во форма на телесни масти. Овој процес може да доведе до дијабетес и дебелина.
Natural & Delicious е нутритивен систем научно проучен според месојадната природа на кучињата и мачките развиен во две линии: Grain Free, целосно без житарки, и Low Ancestral Grain, со само малку древни житарки (спелта и овес).