Технологија и контрола

Технологија на производство и пакување
Farmina Pet Foods користи процес на екструзија со две осовини (twin screw extruder), кој главно се применува во производството на храна за човечка употреба. Екструдерот со две осовини активира механички процес кој овозможува подобро згуснување на скробот и ја зголемува ефикасноста на мешањето и термичката обработка на состојките за дури 20–25 проценти во споредба со системите со една осовина.
Крајниот резултат е помал губиток на нутритивните вредности на состојките и зголемена сварливост на храната.
Дополнителна предност на производните методи што ги применува Farmina е системот „Long Life Vitamins“, односно долг животен век на витамините – витамините се додаваат во храната по процесот на екструзија.
Ова овозможува производите подолго да ја задржат свежината без додавање хемиски и други супстанции.

Мастите се додаваат во производите преку систем на вакуумско обложување, кој овозможува совршено внесување на липидите во гранулите.
Посебно внимание се посветува на пакувањето на производите. При пакувањето се користи технологија која гарантира зачувување на хранливите состојки во подолг временски период, благодарение на целосната изолација на гранулите од надворешни влијанија.

КОНТРОЛА НА ПРОЦЕСОТ И КВАЛИТЕТОТ
Искуството стекнато преку долгогодишното производство на храна за домашни миленици налага Farmina да инвестира значајни средства во активности за контрола. Посебен тим постојано ги проверува сите суровини, а секоја производна серија подлежи на детални анализи, при што земените примероци се чуваат и до 18 месеци за дополнителни испитувања.
Целокупниот производствен процес се следи континуирано, што ѝ овозможува на Farmina брзо да реагира доколку тоа е потребно.
Сите суровини се набавуваат исклучиво од проверени добавувачи, кои подлежат на строги контроли на квалитетот, поткрепени со сертификати за контрола на квалитетот на производите.
NIR анализите (Near Infrared) на примероци од суровини и готови производи обезбедуваат целосна слика за квалитетот на суровините што влегуваат во производството и на готовите производи наменети за пазарот.
Лабораторијата на Farmina е поддржана и од надворешни, независни лаборатории кои се ангажираат за тестирање на суровините и готовите производи со цел утврдување на сите аспекти на безбедноста во процесот на производство на храна, според прецизно утврден аналитички план.

 

НЕ СЕКОЈ ПРИРОДЕН ПРОИЗВОД Е ЗДРАВ...
Хемиската анализа на хранливите состојки се спроведува според стандардите утврдени за нивото на содржина и квалитетот на протеини, масти, влакна, минерали, скроб, фосфор, калциум, витамини, минерали и вода.
Анализите за безбедност на производите се спроведуваат со цел верификација и вклучуваат микробиолошки анализи и истражувања за влијанието на загадувачите врз суровините и готовите производи.
За секоја категорија суровини се анализираат специфични проблеми, како што е можното присуство на токсини (афлатоксини и микотоксини), пестициди, радиоактивност, тешки метали, арсен, салмонела, ентеробактерии, меламин...